Џонсон: Важно е Британија да ја поддржува Украина на долг рок

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Важно е Велика Британија да продолжи да ја покажува својата поддршка за Украина на долг рок, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон, предупредувајќи на ризикот од замор на Украина додека војната се одолговлекува.

„Русите напредуваат инч по инч и за нас е од витално значење да го покажеме она што знаеме дека е вистина, а тоа е дека Украина може да победи и ќе победи“, им рече Џонсон на новинарите по пристигнувањето во Британија од посетата на Киев, пренесе Ројтерс.

Премиерот на Обединетото Кралство вчера беше во Киев и по тој повод и вети на Украина дека ќе и обезбеди „стратешка издржливост“ за да ја победи руската инвазија.

Украина може и треба да биде домаќин на Евровизија 2023 година, додаде Џонсон, откако организаторите соопштија дека се во преговори за одржување на натпреварот во Велика Британија поради војната во Украина.

Иако повеќедецениската традиција налага победникот на натпреварот да биде домаќин на Евровизија следната година, организаторите изјавија дека решиле да разговараат со второпласираната Британија поради безбедносни гаранции, додава Ројтерс.

Слични содржини