Сопственикот на Шарлот Хорнетс, Мајкл Џордан, ќе разговара со Мајк Д’Антони за неговото можно назначување за главен тренер на тимот, според новинарот на ESPN, Адријан Војнаровски.
71-годишниот ментор беше еден од двајцата главни претенденти за оваа функција. Д’Антони е близок пријател на генералниот директор на „Хорнетс“ Мич Купчак, со кого заедно соработуваа во Лос Анџелес Лејкерс во периодот 2012-2014 година. Стручњакот минатата сезона беше консултант во Њу Орлеанс.
Претходно Кени Аткинсон ја одби понудата да ги води Хорнетс и реши да остане во Голден Стејт.
Тимот на Шарлот остана без тренер во средината на април кога Џејмс Борего доби отказ. Тој беше ослободен бидејќи не успеа да се квалификува во плеј-офот втора година по ред.