271
Холивудските актери Џорџ Клуни и Џулија Робертс ја воодушевија публиката со филмот „Ticket to Paradise“.
На сите им се чинеше дека меѓу актерите има нешто повеќе од пријателство, но Клуни сега ја откри вистината.
„Џулија секогаш беше во врска, или јас бев во врска. Брзо станавме пријатели. Значи, меѓу нас немаше ништо повеќе од забава“, изјави актерот.
Тој, исто така, неодамна изјави за Access Hollywood дека колешката Џулија секогаш го „засмејува“, а таа за него рече дека е „нежен“.
Актерот бил воодушевен од љубезноста на Робертс при првата средба.
Ова е веќе четврти нивни заеднички проект, бидејќи претходно ги снимаа филмовите „Ocean’s Eleven“, „Money Monster“ и „August: Osage County“.