Американскиот актер Џорџ Клуни (59) неодамна завршил во болница поради силна болка во стомакот, само неколку дена пред да започне да снима филм.
Имено, актерот беше примен во болница со панкреатит – воспаление на панкреасот, што може да биде опасно по живот, а оваа состојба се случи по следење на ригорозна диета.
Актерот изгубил 13 килограми поради претстојното снимање на филмот „Полноќното небо“, па паднал во сериозна здравствена состојба.
„Мислам дека премногу се трудев брзо да ослабам и веројатно не се грижев добро за себе“, изјавил Клуни.
За улогата, тој исто така морал да пушти долга брада за да изгледа што е можно постаро.
„Ја пуштив мојата голема, грда брада. Мојот син ја сакаше затоа што криеше во неа работи за кои не би знаел додека не отидов на работа. Мојата сопруга и сестра ми беа многу среќни кога ја избричив “, додал актерот.
Да потсетиме, еден од омилените холивудски актери неодамна откри дека сам ја шиша косата 25 години и дека користи тример од 80-тите години на минатиот век, наречен „Flowbee“.
„Сам си ја кратев сопствената коса веќе 25 години. Мојата коса е многу јака и лесно е да се скрати, не можам многу да погрешам“, изјавил Клуни.