Џорџија ги потврди резултатите од претседателските избори, Бајден победи

од Vladimir Zorba
287 прегледи

Американската држава Џорџија ги потврди резултатите од претседателските избори од 3 ноември, на кои победи демократот Џо Бајден во таа држава, објави секретарот на Џорџија, Бред Рафенспрингер, пренесува Ројтерс.

Потврдата на резултатите од изборите следеше по рачното пребројување на гласовите, што го побара ревизорот и изборната кампања на републиканскиот кандидат Доналд Трамп, според агенцијата.

Слични содржини