Џорџина и Роналдо снимени како се забавуваат во ноќен клуб на Ибица

од Stefanija Kuzmanovska
308 прегледи

Џорџина Родригез и Кристијано Роналдо се снимени како се забавуваат во ноќен клуб на Ибица.

Џорџина за оваа пригода облече зелен фустан без прерамки, а Роналдо во клубот пристигна во шорцеви и сино сако.

Парот се опушти и танцуваше, постојано разменувајќи нежности.

За потсетување, парот во април оваа година доби девојче на кое ѝ го дадоа името Бела Есмералда, а синот го загубија при породувањето. Тажната вест е објавена на Инстаграм.

Бела Есмералда е второто дете што Џорџина го доби со Роналдо. Заедно имаат уште едно девојче Алана Мартин, додека сурогат мајката го роди синот Кристијано Јуниор и близнаците Ева и Матео.

Слични содржини