Џорџина критикувана поради фотографии во светилиште: „Задникот во преден план дури и во црква“

од Stefanija Kuzmanovska
416 прегледи

Партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, деновиве е во центарот на вниманието по посетата на португалското светилиште Фатима.

Фотографијата од тоа свето место ја покажа на својот Инстаграм профил, а нејзината модна комбинација им привлече внимание на многумина.

Облечена во тесен бел фустан со голем шлиц на задната страна и марама на главата, Џорџина влезе во светилиштето, а многумина сметаат дека нејзината облека е неприкладна.

„Не е во согласност со религијата да влезеш во црква со марама на главата и со краток фустан. Грешка 404“, „Задникот во преден план дури и во црквата“, „Марама и задник во преден план…“, „Во црква не се слика“, „Извини, но со сета почит, не е во ред да се прават вакви позерски фотографии во црква, па дури и додека се молиш, без разлика на фактот дека носиш марама на глава со ултра секси фустан…“, „Мораш ли секаде да се фотографираш? Дури и во црква?“ – беа само дел од бројните негативни коментари на сметка на Џорџина.

Слични содржини