Џорџина на Роналдо се пофали со торба која чини десетици илјади евра (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
436 прегледи

Со сигурност можеме да кажеме дека вереницата на Кристијано Роналдо ужива во животот, а ако го погледнеме нејзиниот профил на Инстаграм, може да се заклучи дека единственото нешто што го прави цел ден е шопинг, патувања, но и грижа за своите четири деца.

Облечена во фармерки и кошула, која ја врза во чвор и го покажа папокот, со патики на нозете и долга коса, Џорџина Родригез застана пред приватниот авион и позираше за својот профил на Инстаграм, кој го следат 24,1 милиони луѓе од целиот свет.

Овој пат, држејќи го најновиот примерок на скапоцената торба „Хермес Биркин“ направена од портокалова крокодилска кожа, чија цена се искачува до неколку десетици илјади евра, таа ја откри дестинацијата кон која патува, а тоа е Париз.

Со оглед на тоа што на фотографијата го обележа и Нетфликс, со кого неодамна потпиша договор за реално шоу чија главна sвезда е токму таа, се чини дека посветено работи на тој проект.

Слични содржини