Џорџина на Роналдо во прегратка на непознати мажи

од Vladimir Zorba
320 прегледи

„Најдобро ми е со неколку мажи!“ По овој принцип дејствувала Џорџина Родригез, пред средбата со Кристијано Роналдо.

Португалскиот таблоид „Correio da Manha“ извади непријатни стари слики на девојката на Роналдо,кои малку веројатно ќе му се допаднат на ѕвездата на Реал Мадрид. Џорџина е полугола во друштво на неколку мажи, со кои се чини дека е во блиска врска.

Сите овие фотографии Родригез ги избриша откако фати „џекпот“ и го „смота“ Роналдо. Во Португалија со намера ги чувале скандалозните фотографии и сега ги покажуваат, за да го нервираат Кристијано.

Ѕвездата е во војна со овој таблоид веќе подолго време. Пред две години за време на Европското првенство, Роналдо го фрли микрофонот на репортерот од ова издание во езеро поради провокативни прашања.

Засега, Португалецот не реагира по оцрнувањето на името на мајката на неговото дете. Џорџ неодамна се породи и засега нивната врска изгледа доста стабилна.

Слични содржини