406
Партнерката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм со фотографии на кои позира во секси долна облека.
„Да се сакаш е почеток на љубовна приказна која нема крај“, напиша таа во описот на фотографиите направени во дневната соба.
Георгина позира на бел кауч и ја покажа елката, но она што особено го привлече вниманието беа луксузните детали со потписот на брендот Луј Витон.
На нозете носи папучи со потпис на Луј Витон, а на каучот има ќебе со познатото лого.Ќебето чини околу 1.500 долари, додека влечките може да се најдат на официјалната веб-страница на Луј Витон за околу 1.000 долари.