294
Девојката на Кристијано Роналдо и мајка на неговото четврто дете Џорџина Родригез објави своја секси слика во „Инстаграм“. На неа убавата партнерка на ѕвездата на Реал Мадрид e облечена во провокативно црно сако, од кое јасно се гледаат нејзините облини, како и нејзиниот сензуален поглед.
Сликата собра речиси 500 000 лајкови, а многумина следбеници на Џорџина на социјалната мрежа ја бомбардираат со комплименти.
„Божествена кралица“, „Кристијано е маж со голема среќа“, „Жешка мама“ и „Те молам Џо остави го Роналдо да се фокусира на претстојниот натпревар“, се само дел од коментарите на фановите на г-ца Родригез кои веќе бројат над 4,5 милиони.