Леонардо Ди Каприо објави трејлер на својот Инстаграм профил и најави ново остварување на „Нетфликс“ во кое ќе се соберат доста познати актерски имиња.
Премиерата на „Нетфликс“ е закажана за 24 декември, додека во кината може да се види од 10 декември.
Приказната е за двајца астронаути кои треба да најдат начин да го предупредат човештвото за комета која се приближува и која ќе ја уништи планетата Земја.
Во краткиот трејлер, можете да видите дека има одличен актерски сет со Леонардо Ди Каприо, Мерил Стрип, Џенифер Лоренс, но и многу други важни актерски имиња, како и такви од музичкиот свет.
Реакциите на следбениците на Ди Каприо се очекувани, бидејќи изгледаат возбудени од неговата премиера, па може да се очекува дека овој пат Лео повторно ќе донесе нешто ново и оригинално.