Ди Каприо искешира повеќе од 7 милиони за луксузен имот (ФОТО)

од Nikola Popovski
354 прегледи

Актерот Леонардо ди Каприо купил вила вредна 7,1 милиони долари, чиј претходен сопственик бил актерот Џеси Тајлер Фергусон, добро познат на сите од серијата „Модерно семејство“.

Оваа вила се наоѓа на една од најпосакуваните локации, во Лос Фелис, елитен дел од Лос Анџелес. Фергусон и неговиот сопруг живеле во оваа куќа последните 8 години, а сега новиот сопственик е оскаровец кого сите го обожаваме.

Се шпекулира дека Ди Каприо платил повисока цена за куќата од онаа што ја побарал Фергусон. Иако наведената цена е нешто пониска од 7 милиони, се чини дека Леонардо бил толку заинтересиран што дал повеќе отколку што било побарано.

Сè уште не е познато дали тој ја купил вилата како инвестиција, за изнајмување или место за живеење.

Сè на сè, тоа е вила со 4 спални и 4 бањи, изградена во 1928 година и има шарм на стариот Холивуд.

Во оваа куќа порано живееле Гвен Стефани, кој тогаш изградила прекрасен базен во дворот.

Слични содржини