“Ди Велт”: Рецесијата во САД не е зад шуми и планини

од desk3
85 прегледи

Кон 2017 година САД ги очекува економски пад кој катастрофално ќе се одрази на светската економија, која ќе влијае особено силно Европа, предвидува економскиот коментатор на германското издание “Ди Велт” Холгер Цшепиц.САД ја почнуваат осмата по ред година со раст за економијата. “Економскиот пораст во американската историја е максимум 9 години, затоа најдоцна во 2017 година повторно може да се очекува рецесија” – смета аналитичарот и забележува дека во просек циклусот на економски раст продолжува 5 години, по што настанува пад.

pari

Според најновите песимистичките прогнози, проблемите во американската економија не се зад шуми и планини. Порано познатиот финансиер Марк Фабер изјави дека рецесијата во САД е веќе започната, и советува да се инвестира во 10-годишни државни обврзници на САД.

Рецесијата на економијата на САД е особено опасна за Европа, каде освен проблемите со бегалците и заканата од терористички акти, постои огромна веројатност барем една земја да излезе од ЕУ.

Светот Американците ги гледа како нација на убијци

“Веројатноста за излегување на Финска да излезе од еврозоната се зголеми за 4%”, пишува “Ди Велт”. Не помалку важно за инвеститорите останува прашањето за излегувањето на Велика Британија од составот на ЕУ.

Согледувајќи го приближувањето на проблемите, Брисел пречекува новата година без оптимизам, резимира експертот.