Бегалците се џихадисти, а Бугарите – мирни христијани. Ромите се паразити, а Бугарите – паметни и вредни. Оцрнувањето на другите, прави автоматски да бидеме добрите, пишува Ивајло Дичев барајќи ги причините за бугарскиот расизам.
Во Бугарија на неколку месеци доаѓа бран на огорченост од расистички побуди. Некогаш кон Ромите, па кон Турците, бегалците, Македонците, Евреиите, Украинците. И потоа пак од почеток, како во рондо. Сочувството, великодушноста и хуманоста во Бугарија станаа концепт за предавство. Едно од објаснивањата е комунизмотм, каде луѓето живееа во кафези од бодликава жица, кои ги објаснува разликите на Источна и Западна Германија.
Дали е тоа праведно?
Навикнати сме да го поврзуваме расизмот со империи, каде социјалните нееднаквости се оправдуваат со природни особености. Во модерната ера именител останува дебатата во Валадолид во 16 век, кога католичките теолози расправаале дали Индијанците од освоениот Нов свет имаат душа или пак треба да се третираат како животни (фала богу, преовладува првото мислење). Потоа, во 19 век, доаѓаат различни научни трактати како оној на францускиот мислител Гоби, за нееднаквоста на човечките раси -за да трчаме, се разбира, со евгениката, масовните стерилизација и гасните комори во 20 век. Колку и да ни е непријатно, до денес во големите метрополи продолжуваат скриено да се дискриминираат лицата со името Ахмед или со боја на кожата.
Расизам е општо земено класификацијата на човекот според некакви белези кои не зависат од неговата волја. Научната фантазмагорија изградена врз биолошките карактеристики, е најпопуларен поради трансформирање на нацизмот во политика на истребување: станува збор за едно произволно групирање на физички белези во категории, на кои се припишува културна смисла. Ако е установено дека Африканците се подобри тркачи, од тоа некако следува дека тие се повеќе покорни и подобни за робови. Или ако одиме назад – Евреите се колективно виновни, бидејќи е распнат Исус.
Во една поопшта смисла расизам е однесување кон луѓето на пристрасен начин, поради нивното потекло, културата, со која пораснаа (културализмот), полот (сексизам), возраста итн. Развојот на современата цивилизација, каде што „црните” стануваат министри и претседатели на САД, а „жолтите” се претворија во водечка економска сила, прави овие теории да се отфрлат. Ќе потсетам само дека сите доаѓаме од источна Африка и сме биле црни поради меланин, кој ја штити кожата од сонцето. Недостатокот на меланин во белата кожа нема никаква врска со христијанството, туку поради потребата да се синтетизира витамин D во места каде што сонцето сјае помалку. Воспитан и образован човек денес стреми кон индивидуалните квалитети, а не според оние од биолошко или културен стереотип.
Интересен е расизмот на малите народи како бугарскиот, каде станува збор не толку за легитимирање на доминација, колку за страв и самозашитна реакција. Споменатите непријатели – Турци, Роми, Сиријците – се претставуваат не како потиснати малцинства туку како привилегирани. Противењето на социјалната помош и минимална плата, на пензиите и парите дадени за бегалец, покажува дека Бугарите небаре завидуваат на несреќните.
Сиријците се човекојадци, џихадисти, фанатици. Значи ние сме од добрата страна – бели, христијани, сојузници на Западот. Ромите пак, ги преземат сите лоши навики кои не ги сакаме кај себе – им префрламе за нечистотијата, мрзеливоста, двосмислениот однос кон законот. И некако магично ќе се пронајдеме себеси чисти, работливи, законоугодни.
Ех, ако генетиката успее да го открие жедниот бугарски ген, најверојатнонема да има потреба од омраза. Колку жално, сепак, 99% од гените на сите луѓе се исти.
извор:Дојче Веле