„Диди ми плаќаше да спијам со неговата девојка!“ – Детали од судењето на раперот ја шокираа јавноста

од Nikola Popovski
947 прегледи

На судењето на раперот Шон „Диди“ Комбс, кое моментално се одржува во Њујорк, како сведок се појави 41-годишен маж по име Даниел Филип, кој тврди дека познатиот музички могул му платил до 6.000 долари за да има секс со неговата тогашна девојка, пејачката Касандра „Кеси“ Вентура – токму пред неговите очи.

Според сведочењето на Филип, Диди ги режирал нивните интимни врски, нарачувајќи специфични сексуални чинови, честопати вклучувајќи масажи со бебешко масло и играње улоги. Во еден момент дури му наредил да ејакулира во Кеси, иако сведокот тврди дека само „одглумил“.

Филип истакнал дека првпат се запознал со двојката во 2012 година, кога бил ангажиран да настапи како стриптизер на моминска забава. Наместо група жени, го пречекала само Кеси која директно го замолила да има секс со неа, додека Диди седел во аголот и го имал покриено лицето. Неговиот глас бил препознатлив, тврди сведокот.

Во текот на следните две години, Филип тврди дека редовно имал сексуални односи со Кеси, честопати како дел од таканаречените забави „Freak Off“, во кои биле вклучени и други учесници, дрога и снимање. Диди често ги снимал со камера или мобилен телефон, а понекогаш и самиот се вклучувал во акцијата.

Еден од најшокантните моменти во судницата беше кога Филип го опишал физичкото насилство на кое бил сведок – вклучувајќи го и моментот кога Диди фрлил шише кон Кеси, потоа ја повлекол за коса и ја удри во спалната соба. Според сведокот, Кеси ја напуштила собата плачејќи и треперејќи, а утеха побарала во неговата прегратка.

Иако никогаш физички не го нападнал, Филип рече дека Диди еднаш му ја сликал возачката дозвола „за секој случај“. Сведокот го протолкувал тоа како суптилна закана.

Обвинителката Емили Џонсон изјавила дека Комбс ја водел криминалната мрежа повеќе од две децении, со помош на неговите телохранители и вработени кои ги прикривале неговите злосторства. Исто така, постојат упатувања на киднапирање, палење, уцена, па дури и на снимки од „најпонижувачки моменти“ што ги користел за да ја уценува Кеси.

Диди, познат и како Пи Диди, некогашен милијардер и предводник на „Бед Бој Рекордс“, сега се соочува со повеќекратни обвиненија за трговија со луѓе, рекетирање и проституција. Доколку биде осуден, може да добие доживотен затвор.

Сведочењето на Даниел Филип е само дел од мозаикот што вклучува и снимки од хотелските камери, сведоштва од поранешни вработени и самите жртви. Меѓу најсилните докази е видео од Диди како физички ја напаѓа Кеси во ходник на хотел во Лос Анџелес во 2016 година.

Членови на семејството се во публиката секој ден, вклучувајќи ја и неговата мајка, Џенис Комбс, како и неговите ќерки и синови. Во еден момент, Диди дошол во судницата со насмевка, формирал срце со рацете кон семејството и го бакнал синот.

Слични содржини