Диди се соочува со сè пострашни обвиненија – од мал град илјадници милји далеку од местото на неговите злосторства

од Љубиша Владимиров
11 прегледи

Компанијата Reciprocity Industries неодамна отвори посебен кол-центар во Монтана, наменет за поддршка на жртви кои тврдат дека биле злоставувани од страна на раперот Шон П. Диди Комбс. Центарот е активен секојдневно, а неделно се јавуваат и до 40 луѓе, при што секој повик започнува со следната порака:

„Ви благодариме што се јавивте на телефонската линија за поддршка на жртвите на Шон П. Диди Комбс. Овој повик се снима. Ја разбираме храброста што е потребна за да се јавите. Сите информации се доверливи, но очекуваме целосна искреност за да можеме правилно да ви помогнеме со вашиот потенцијален случај.“

Извршниот директор на компанијата, Ендру Ван Арсдејл, вели дека бројот на повици драстично се зголемил по најновите обвинувања против Комбс – меѓу кои се рекетирање, трговија со луѓе и проституција.

„Сè што излезе во јавноста во последниве месеци навистина охрабри многумина што претходно нѐ контактираа, но не беа подготвени да зборуваат. Сега повторно ни се јавуваат. Има и нови лица кои, гледајќи што се случува, сфаќаат дека не се сами“, објаснува Ван Арсдејл за Daily Mail.

Кој стои зад Reciprocity Industries?

Компанијата е основана од Ендру Ван Арсдејл и неговиот пријател Тајлер Крос, а се опишува како фирма за развој на софтвер, специјализирана за правна поддршка, телевизиски реклами и кол-центар услуги. Тимот секојдневно истражува медиумски написи, судски документи и други извештаи, со цел да идентификува случаи со потенцијално голем број жртви.

Претходно, компанијата беше инволвирана во случајот против извидничката организација, каде 11.000 жртви тврдеа дека биле сексуално злоупотребувани. Организацијата заврши во банкрот, откако беше принудена да исплати речиси 1,5 милијарди долари на оштетените. „Ако му се случило на едно лице, веројатно им се случило и на други. Ние бараме шеми – нешто што укажува дека некој не си ја завршил работата како што треба“, вели Ван Арсдејл.

Случајот со Диди привлекол внимание по тужбата на неговата поранешна девојка Кеси Вентура, која беше решена само еден ден по поднесувањето. Оттогаш, компанијата започнала активна потрага по нови жртви.

Како функционира системот?

Секоја жалба што стигнува до кол-центарот се евидентира, се проверува и потоа се пренасочува – или до адвокатската канцеларија на Ван Арсдејл, AVA Law Group, или до соодветни партнери низ САД. Жртвите се пронаоѓаат преку различни реклами, главно на социјалните мрежи, а меѓу партнерите на Reciprocity е и познатиот адвокат Тони Базби, кој ги застапува стотиците наводни жртви на Комбс.

„Работата е психолошки тешка. Нашите вработени секојдневно слушаат трагични приказни. Затоа имаме и советници кои работат со персоналот, како и различни техники за справување со стресот – дишење, прошетки, време за одмор“, објаснува Ван Арсдејл.

Тој додава дека дел од сведоштвата се „исклучително гнасни“, но јавноста веќе е навикната на шокантни информации, па тешко е да се изненади.

Закани и загриженост

Иако во случајот на Диди досега немаат добиено директни закани, Ван Арсдејл вели дека опасноста е секогаш присутна. Потсетува и на периодот кога се соочувале со случајот на извидниците, па дури добиле и дојава за бомба.

„Луѓето се лути кога ќе се допре до нешто што го сметаат за света институција или културен херој“, вели тој.

Повиците не застануваат – нови обвиненија против браќата Александар

Покрај Комбс, кол-центарот добива и повици од жртви кои тврдат дека биле злоупотребувани од браќата Орен, Алон и Тал Александар – кои се соочуваат со сериозни обвиненија за трговија со луѓе и сексуална експлоатација. Иако интересот за нивните случаи во последниве недели се намалил, по иницијалниот бран тужби во Њујорк, сепак сè уште се добиваат еден до два повика неделно.

„Навистина е надреално што мал кол-центар во Монтана прима повици поврзани со едни од најозлогласените луѓе во светот“, завршува Ван Арсдејл.

Слични содржини