Die Welt: Тлее омраза внатре во ЕУ и може да доведе до “нова” Украина

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Расте цела нова генерација, што гледа на Унијата како  на фарса

Убиените луѓе и уништувањата во Украина јасно покажуваат колку далеку може да доведе и да тлее омраза во такво штетно  обединување со  Унијата, пишува во Die Welt германскиот новинар Дирк Шјумер. Европа, е изградена врз урнатините на Втората светска војна, била повикана да обезбеди демократија и мир, сепак сега цело генерација го согледува постоењето на Унијата како фарса, забележува новинарот.
“На урнатините на уништените градови од Кан до Нирнберг, од Ротердам до Милано требало еднаш засекогаш националната борба на секој против секого да се исфрли на буништето на историјата , која од моментот на залезот на Римската империја постојано плива на европскиот континент “- потсетува Шјумер.
Токму затоа се појавија Европска Унија успорена без своја престолнина, ниту нормален парламент, а сите европски проблеми се решаваат бавно и без повреда на прашањата за националниот суверенитет.Состојбата на работите сепак се промени со воведување на еврото (1998-2001) и неуспех на европскиот устав (2005). “И ако вкупниот пазар на ЕУ делуваше како фузија на нееднаквости тоа еврото направи од него јавна центрифуга “- смета новинарот.
Дефицитот од демократија, со која Европејците досега се помируваат, користејки пазарни предности и слободно движење, сега за многумина стана неприфатливо. “И што за единство е тоа кога нема единствено мислење по ниту едно од прашањата? А на чесниот развод на интересите и на ќесето сега му пречи заплетканоста  во договори од заедничкиот брак забележува новинарот. Погубени луѓе и разурнувања во Украина, а исто така случаите на геноцид во  сега урната Југославија јасно покажуваат  каде може да  тлее омразата- во нездраво обединување. “Не поминаа и 70 година од потпишувањето на Римскиот договор, а во Европа веќе порасна генерација која го  смета овој проект како фарса, како неуспех и како игра на држачи на марионети, од што  неговите претставници треба да се помируваат со постојано нови  и нви недостатоци во вид на долгови, штедење и навреди, и најнакарајот нешто како украинско сценарио.