Диего Коста стана „волк“!

од Nikola Popovski
209 прегледи

Прво беше најавено дека ќе направи седумдневен пробен период, потоа дојде до проблем со работната дозвола, но, веќе е официјално.

Диего Коста се враќа во Премиер лигата како нов играч на Вулверхемптон.

Коста потпиша договор со Волвс до крајот на сезоната, но како што се наведува се уште чека работна дозвола.

Шпанскиот интернационалец со повеќе од 500 натпревари во нозете и 12 освоени трофеи во кариерата ќе го засили нападот на Волвс.

Тој нема играно од јануари, но Вулверхемптон вели дека неговиот „предаторски инстинкт“ сè уште е присутен.

„Навистина сме воодушевени од доаѓањето на Диего во нашиот клуб и неговото враќање во Премиер лигата. Тој е роден победник со долгогодишно искуство играјќи на највисоко ниво. Диего ќе донесе нешто посебно и на теренот и во соблекувалната и со нетрпение ги очекуваме неговите игри“, изјави претседателот на Вулверхемптон, Џеф Ши.

Најавата која Вулверхемптон ја даде за доаѓањето на Диего Коста на социјалните мрежи е доста спектакуларна.