Диетата со која Нина Бадриќ ослабе 20 килограми – елиминираше една намирница

од Vladimir Zorba
255 прегледи

Познатата хрватска пејачка Нина Бадриќ имала 83 килограми. Потоа пробала диета и лани ослабела до 63 килограми. Интересно е што ги изгубила сите 20 килограми само затоа што исфрлила една намирница.

Нина е нормално голем гурман и често велеше дека сака да јаде говедско, свинско и пилешки специјалитети, но кога сфати дека сакањето на тие намирници навистина нема да и помогне да ослабне, реши да направи драстични промени. А за тоа ја инспирирал Новак Ѓоковиќ.

„Откако се хранам вака, телото ми е во рамнотежа, кожата и косата ми се сјајни, а имам милион пати повеќе сила и енергија во споредба со сите претходни години кога не размислував толку каква храна јадам. Долго време ја држам диетата на Новак Ѓоковиќ и многу блиски луѓе кои така се хранат со години велат дека навистина има смисла. Мојата сила се удвои. И духот и телото. Се чувствувам одлично, енергично, светло, силно“, објасни таа на социјалните мрежи.

Пред да одлучи да почне со диетата, имала 83 килограми, а сега има 63.

Кога се префрлила на таа диета, пејачката се преродила.

„Престанав да јадам месо и се случија големи промени во моето тело. Конечно сум задоволна со мојата тежина и се чувствувам многу подобро. Порано кога јадев парче месо, морав да дремнам два часа затоа што бев уморна. А сега сум мирна, љубезна и весела. Дури и масерката ми кажа дека тонот на кожата ми е подобар. Навистина сум среќна“, изјави Нина, признавајќи дека и било тешко на почетокот.

„Кога после неколку дена сфатив дека се чувствувам здраво и имам многу повеќе енергија, потребата и желбата за месо исчезнаа“, додала таа.

Покрај месото, од исхраната ги исфрлила и газираните пијалоци, а како што вели тестенините ги свела на минимум. Не јаде ни слатки, а кога ќе и се „присака“, јаде само две до три коцки темно чоколадо. Нејзиното мени сега вклучува здрава храна.

„Јадам зеленчук неограничено. Салатите се задолжителни со секој мој оброк бидејќи се одличен антиоксиданс. Јадам овошје секој ден, но умерено. Јадам и супи од зеленчук. Ми одговараат затоа што ме заситуваат“, објасни таа во една емисија.

Слични содржини