Главната цел на надворешната политика на Русија е Западот да биде принуден да се откаже од обидите да ја прекине руската агресија во Украина. Само што тактичките позиции на Москва често се доста незгодни и осудени на пропаст. И не е чудно што Унијата се подготвува за уште еднаш да ги продолжи санкциите. Некои претставници на европски држави се незадоволни од воведувањето на определено тврдите санкции како одговор на агресијата на русија против источна Украина, особено санкциите во финансискиот и енергетскиот сектор, кои нанесуваат загуби на економските интереси на оние земји кои ги воведоа овие санкции.

Во исто време на самитот во Јапонија во мај лидерите на земјите од Големата седморка, меѓу кои премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон, претседателот на Франција Франсоа Оланд, канцеларката на Германија Ангела Меркел и премиерот на Италија Матео Рензо ги поддржаа санкциите. Повлекувањето на санкциите е возможно само во случај на “целосна имплементација од страна на Русија на условите во Минскиот договор и почитување на суверенитетот на Украина”. За да се здобие со олеснување на санкциите, Кремљ презеде кампања на заплашување и дезинформации, со цел уништување на врските меѓу Европа и Америка и меѓу европските земји.
Почнаа да се појавуваат алармантни сигнали за тоа дека подршката на одлуката за олеснување на санкциите расте, особено од страна на германските социјалдемократи и францускиот Сенат, каде на 8 јуни гласаа резолуција за “постепено и делумно” укинување на санкциите. Покрај тоа, од Унгарија доаѓаат мрачни гласини за тоа дека унгарската влада може да се обиде да го блокира консензусот по прашањето за продолжување на санкциите на јунските самит на Унијата.
Сепак руската кампања не доведе до значителни резултати поради внатрешни противречности. Каде Русија направи погрешни пресметки? Кремљ, ги смета Европејците за слаби, непринципиелни и наивни, ги иритира и плаши со својата војна во Украина и сродна пропаганда. Слична грешка стигна од Москва во 80-тите години на минатиот век, кога се обиде да ја постигне својата главна надворешнополитичка цел – да не му дозволи на НАТО да рспореди нуклеарни сили со среден дострел во Европа во својство на противтежа на советските ракети СС-20.
Доволни си се самите на себе !- православниот собор на о. Крит ќе се нарекува Свет и Велики
Како што вели Марк Твен, “историјата не се повторува, но често се римува”. Кои паралели можат да бидат направени меѓу политиката на Москва во 80-тите години на минатиот век и сегашниот конфликт во Украина? * Во 80-тите години на минатиот век советските пропагандисти се надеваа да ја ослабат приврзаноста на Велика Британија и Западна Германија кон идејата за распоредување на НАТО нуклеарни ракети со среден дострел, нафрлувајќи се со остра критика против британскиот премиер Маргарет Тачер и канцеларот на Западна Германија Хелмут Кол. Денес руските пропагандисти ја поддржуваат идејата за излегување на Велика Британија од ЕУ против кое што се залага Камерон, ја критикуваат Ангела Меркел, а во Франција го поддржуваат лидерот на популистичката партија Марин Ле Пен, која е во опозиција на Оланд. * Во 80-тите години на минатиот век војната во Авганистан и одржувањето на воената состојба во Полска, ги спречија обидите на Москва да му укаже Западот да се откаже од плановите за распоредување на ракетите.
Сега обидите на Москва да дојде до ублажување на санкциите се испоставува безуспешно поради нејзините постојани прекршувања на условите на Минските договори за Источна Украина и поради нејзината тактика на заплашување на Прибалтикот.
* Соборувањето на патнички авион одигра својата улога и тогаш, и сега. Во 1983 година, два месеци пред распоредувањето на проектилите на НАТО, советски воени авиони соборија авион на јужнокорјска авиокомпанија, како резултат на што загинаа 269 лица. Во 2014 година руските сили и нивните приврзаници соборија над територијата на Украина авион на малезиска авиокомпанија, како резултат на што загинаа 298 лица. И во двата случаи Москва не ја призна својата вина, со што уште повеќе го ожесточи односот на Западот кон себе.
* Во ноември 1981 година претседателот Роналд Реган предложи ограничување на програмата за распоредување на ракетите во Европа до политика во две насоки – распоредување на ракетите да се врши истовремено со преговорите за отстранување на потребата од нив. Во 1983 година НАТО ги повлече своите ракетни системи, но четири години подоцна беше склучен договор, кој доведе до нула опција. Денес двонасочната политика на НАТО претпоставува целосна имплементација на условите во Минските договори и истовремено зголемување на економската помош за Украина и поддршка во областа на безбедноста, а исто и зајакнување на воеиот потенцијал на Алијансата во Централна Европа, Прибалтикот и Скандинавија – неодамна министрите за надворешни работи на Финска и Шведска за прв пат учествуваа во состанок на НАТО.
* Во 80-тите години на минатиот век, плодните преговори за нуклеарното оружје со среден дострел беа важни за зачувување на единството на НАТО за прашањата за распоредување на ракетните системи. Денес барањето на Западот за целосно исполнување на сите услови од Минските договори – независно од сите нивни недостатоци – е клучен услов за отстранување на западните санкции. Во почетокот на 80-тите години на минатиот век единството на Западот се покажа под закана поради несогласувањата во врска со предавањето на Советскиот Сојуз на технологијата за изградба на голем гасовод кој требаше да ги поврзе Сибир и Европа, и поради планот на претседателот Роналд Реган за развивање на систем за заштита од балистички ракети со голем дострел, кој беше спротивен на Договорот за ограничување на системите за противракетна одбрана.
Денес на Запад нема внатрешни несогласувања од сличен обем што во значителна мера ја усложнува задачата на Кремљ, кој се стреми да го поткопа консензусот. Заедно, сите овие фактори ја попречуваат Москва да ја реализира својата цел, заклучувајќи се во слабеење на спротиставувањето на Западот на агресијата на Москва во Украина.
Пропагандата и измамата дистрибуирана од новинските агенции “Россија сегоднја” и “Спутник”, се неефикасни. Но, независно од тоа, зголемувањето на притисокот од страна на левите и националистичките партии во Европа може да го намали степенот на поддршка за санкциите. Западот е должен да приложи максимални напори да го зачува единството по прашањето за санкциите против Русија. Најверојатно е јавноста да може да биде убедена во потребата од поддршка за продолжувањето на санкциите. Во средината на мај рускиот изведувач загуби на популарниот натпревар “Евровизија” од украинска пејачка. Русите се вознемирија, велејќи дека резултатите од гласањето од европските земји биле политички мотивирани. И, во дадениот случај, сосема можно е да не станува збор за параноја меѓу Русите. Сепак никој не ги сака агресорите. / БГНЕС
……………………………..
Автори на објавениот текст во списанието “Њусвик” се Улјам Кортни, поранешен амбасадор на САД во Казахстан и Грузија, и Мајкл Халцл, висок член на Центарот за трансатлантски односи при Школата за меѓународни студии на универзитетот “Џон Хопкинс”.