Дијаманти за полесно откривање на тумори

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Ново истражување покажува дека синтетизирани дијаманти во комбинација со апарат за магнетна резонанца ефикасно откриваат тумори во раните фази на развој.4465284

Австралиски научници тврдат дека дијаманти со микроскопски големина може да се користат за откривање на канцерогени клетки кои апаратот за нуклеарна магнетна резонанца не може да ги улови.

Т.н. нанодијамантите веќе се користени при експерименти во кои се зголемува ефикасноста на лековите при хемотерапија, соопштува “Nature Communications”. Научниците од Универзитетот во Сиднеј објаснуваат дека дијамантите со оваа големина не се токсични и имаат магнетни полиња кои го олеснуваат користењето на апаратот за магнетна резонанца.