Дијаспората со Заев и СДСМ

од desk3
74 прегледи

После изборите на 24 април идната година промените ќе се случат и реформите ќе почнат, порача претседателот Зоран Заев.

Граѓани од дијаспората на Македонија во Словенија, поддржувачи на политиките на претседателот Зоран Заев и на СДСМ, синоќа се состанаа во Копер, Словенија.

????????????????????????????????????

Во присуство на претседателот Заев формиран е иницијативен одбор за регистрирање на општинска организација на СДСМ во Копер што ќе работи со бројните заинтересирани граѓани, иселени од Македонија во Словенија, кои сакаат да се вклучат и да придонесат во демократските промени во Македонија.

????????????????????????????????????
-По победата на 24 април, СДСМ ќе создаде услови да запре иселувањето. Ќе овозможиме да се вратат граѓаните кои во потрага по егзистенција биле принудени да заминат од родната земја и својот живот и работа да го продолжат во Македонија, рече претседателот Заев.

На средбата присуствуваа граѓани од различни националности: Македонци, Албанци, Турци.

Заеднички е констатирано дека масовното иселувањето на над 600.000 граѓани од Македонија е резултат на катастрофалните политики на Никола Груевски изминатите 10 години.

Изразена е силна поддршка на заложбите на претседателот Заев и СДСМ за градење на единствена Република Македонија, едно општество за сите