ДИК ги информираше европратениците за активностите

од desk3
90 прегледи

Членовите на Државната изборна комисија денеска одржа работна средба со тројцата членови на Европскиот парламент – Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан, соопштија од ДИК.

dikk2 (1)

Претставниците на Европскиот парламент, како што се наведува во соопштението, се интересирале за активностите што се преземени од Државната изборна комисија и за предизвиците со кои таа се соочува.

„Од Државната изборна комисија беа информирани дека и покрај големото задоцнување во формирањето на Државната изборна комисија, за период од две недели се исполнети двата клучни приоритети: избор на генерален секретар и утврдување на двата правилника за проверка на избирачкиот список. Со преземањето на овие активности, Државната изборна комисија создаде претпоставки да може да почне со процес на кадровско екипирање и почнување на процесот на водење и на ажурирање на избирачкиот список“, стои во соопштението.

(ВИДЕО) Европратеници: Загрижени сме од доцнењето со “Пржино” но и враќањето неколку чекори наназад

Претставниците на ДИК ги запознале европратениците дека процесот на кадровско екипирање и почнување на водење и на ажурирање на избирачкиот список е условено од усогласувањето на политичките партии и од надминување на институционалните и на нормативните предизвици.

„Европратениците беа известени од претставниците на Државната изборна комисија дека се почнати активности за подготовка на операциони планови за имплементација на двете методологии за проверка на избирачкиот список и дека се вршат и други активности во насока на обезбедување услови за спроведување фер и слободни избори“, стои во соопштението и се додава дека европарламентарците ја пренеле пораката дека ДИК е поставена пред сериозна задача, да спроведе избори според највисоки меѓународни стандарди.

 

МЕТА