Државната изборна комисија, денеска  ќе ја започне постапка за прочистување на избирачкиот список. Како што  се информираат, обезбедмнис  се податоци од 10 релевантни институцииспиок

Според членот на ДИК, Субхи Јакупи, вели дека процесот на вкрстување на податоци, почнува денеска.   а треба да заврши до 24 февруари. Според него, причината за доцнењето, било унифицирање на податоците од другите институции.

„Од утре треба да почнеме со вкрстување на податоците и потоа да видиме колкав ќе биде бројот на спорните имиња. Правиме се да ја завршиме нашата работа, бидејќи имаме одреден датум до кој треба да се подготвиме.“, рече Субхи Јакупи,  за ТВ 21 член

Граѓаните ќе можат преку официјалната страница на ДИК да ги проверат своите податоци. Во моментов во избирачкиот список се запишани 1.804.000 гласачи. По прочистувањето на избирачкиот список, ќе се знае точната бројка на граѓани со право на глас.

Се тоа ќе влијае  и на одлуката кога точни ќе се оддржат изборите  пред или по летото.

 

 

Слични содржини