Дилер бегајќи од полицијата фрлал дрога од своето возило

од Milan1

„Вчера во Кавадарци, полициски службеници од полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода М.К.(18) и О.Н.(25), двајцата од Кавадарци затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

Околу 18.00 часот на ул.„Младост” во Кавадарци полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео”, управувано од М.К. и кога застанало возилото совозачот О.Н. фрлил неколку пакувања со бела прашкаста материја и се обидел да избега. При преглед во возилото биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, а исто така марихуана била пронајдена и кај возачот М.К.. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на О.Н.. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање и расчистување на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информираат од МВР.

Слични содржини