Дилери од Штип фатени со 30 шишиња метадон во Чаир

од Nikola Popovski
397 прегледи

МВР соопшти дека денеска напладне во скопската општина Чаир полицијата запрела автомобил „сеат толедо“ со штипска регистрација, во кој при извршен преглед пронајдени биле 30 шишиња метадон.

Како што информираат од МВР, автомобилот бил управуван од А.П. (33) од Штип, а сопатник бил Д.П. (26) од Штип.

Двајцата биле лишени од слобода, а по добиена судска наредба, штипската полиција извршила претрес во домот на 33-годишникот и при претресот биче пронајдени шишиња со метадон, гасен пиштол и куршуми.

По документирање на случајот против штипјаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Слични содржини