Дилерите на дрога се селат од улица на социјалните мрежи

од Vladimir Zorba
327 прегледи

Како и супермаркетите, рестораните и добавувачите на леб, илегалната трговија со дрога стана дигитална со цел да им служи на своите клиенти за време на „локдаунот“ и може да остане таква дури и кога ќе заврши пандемијата „Ковид-19“, објави денеска Европската агенција за наркотици.

Пандемијата ги тера криминалците кои се занимаваат со наркотици да дејствуваат преку Интернет, создавајќи тренд, рече еврокомесарот за внатрешни работи Илва Јохансон за време на онлајн презентацијата на извештајот за наркотици за 2021 година, составен од агенцијата ЕМЦДДА со седиште во Лисабон, објави Ројтерс.

Дилерите на дрога се селат од улица на социјалните мрежи, добиваат нарачки преку шифрирани пораки и испраќаат наркотични средства до клиентите преку услуга за испорака, се наведува во извештајот.

Пандемијата принуди промени на сите нивоа на трговија со дрога, од трговци на големо и шверцери до дилери во соседството.

Со затворањето на границите, шверцерите повеќе се потпираат на бродски контејнери, а помалку на курири, се наведува во извештајот, пренесе Танјуг.

Податоците покажуваат дека количината на достапен кокаин не се намалува, но има забележително зголемување на бројот на луѓе кои одгледуваат канабис дома.

Слични содржини