Димитар Главчев ја повлекува искажаната подготвеност по вторпат да ја прифати функцијата в.д. премиер

од Илинка Илиоска
17 прегледи

Бугарскиот технички премиер Димитар Главчев ја повлекува искажаната подготвеност да ја прифати функцијата вршител на должноста премиер по вторпат со цел намалување на политичката тензија, објави Министерскиот совет на својата веб-страница, јави БТА.

Главчев му се заблагодари на својот тим за сработеното. Тој ќе продолжи да ја врши функцијата до именувањето на нов вршител на должноста премиер.

На брифингот одржан на 5 август во Советот на министри, Димитар Главчев изјавил дека ќе ја прифати функцијата привремен премиер доколку претседателот на Бугарија, Румен Радев, повторно му ја понуди.

Шефот на државата на вчерашните консултации со политичките партии застапени во Парламентот посочи дека не е само Димитар Главчев опција за официјален премиер.

Слични содржини