Потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска на денешната панел дискусија насловена „Што наследија општините“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ по повод 100 дена локална власт, вели дека она што е најбитно е да се види транспарентноста и отчетноста на општините од страна на претходните градоначалници на СДСМ, за кои, како што рече, уште како технички заменик министер побарала увид во извештајот за тоа како се трошеле 50 милиони евра кои што владата ги додели на општините во вид на еднократна парична помош, додавајќи дека истите не се искористиле за сервисирање на доллговите.
„Ако ги погледнете доспеаните обврски ќе видите дека во квартал 4 за 2021 година доспеани обврски се речиси на исто ниво како и во 2018тата што јасно укажува дека парите комплетно ги користеле да сервисираат одредени доспеани обврски, но повторно долгот го враќаат на исто ниво, значи целта не ја постигнале да намалат долгот, а им оставија простор на градоначалниците да ги користат парите ненаменски“, објасни Димитриеска Кочоска.