Макроекономска стабилност, предвидливо бизнис окружување, даночна полтикика која се заснова на рамен данок и партнерски однос на Владата со компаниите во реализациија на нивните инвестициски проекти, е пораката што ја прати министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска до германски инвеститори на Генералното собрание на Македонско-германското стопанско здружение што се одржа во Скопје.
Потенцира дека врвен приоритет на Владата е економијата и остварувањето повисоки стапки на економски раст и дека Германија има особено значење за нашата економија, како најзначен трговски партнер, но преку реализираните странски директни инвестиции кои минатата година достигнаа над 200 милиони евра.
Пред германските компании порача дека Владата има идентичен пристап кон сите компании и дека гради партнерски однос и со домашните и со странските компании преку постојана комуникација со бизнис заедницата и разменување мислења и искуства во однос на креирање политики коишто се бидат од интерес на двете страни.