Димитриеска Кочоска: Немаме развоен буџет, туку инфлациски

од Destan Jonuzi
451 прегледи

Потпреседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска во емисијата „24 Отворено“ на Тв24 зборувајќи за предлог Буџетот за 2023 година изјави дека нема развоен буџет, туку инфлациски буџет. Пензиите ќе растат поради промената на методологијата. Инфлацијата е една од највисоките во Европа.

– Зборуваме за инфлации, не за развоен буџет и она што најмногу загрижува е даночната реформа. Состојбата е зстрашувачка и ова ќе падне на грбот на граѓаните. Не го решивме проблемот со енергетската криза, фирмите ќе се соочуваат со проблеми, продуктивноста ќе падне, цената на струјата ќе расте, ќе бидат поголеми трошоците, потенцира Димитриеска Кочоска.

Слични содржини