Димитриеска Кочоска: Ребалансот на буџетот во насока на предизборен поткуп

од Vladimir Zorba
113 прегледи

„Како никогаш досега е алармантна состојбата со најавениот ребаланс на буџет. Нема пари за стопанството кое едвај преживува, нема пари за земјоделците, нема пари за помош на невработените, нема пари за угостителите, за занаетчиите, но има пари за социјални трансфери кои се единствено предизборен поткуп кој ќе се плаќа повторно од сите граѓани“, реагира Гордана Кочоска Димитриеска член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Внимавајте, планиран е буџетски дефицит од над 6%, кој ќе биде финансиран со нови и нови задолжувања, а притоа од тоа нема да има никаква корист никој освен кога се во прашање лукративните интереси на Зоран Заев.

Со овој ребаланс се предвидуваат над 200 милиони евра за предизборен поткуп кој преставува грабеж на државната каса финансирана од граѓаните, а скриена во ставката субвенции и трансфери“, посочува таа.