Kандидатката за градоначалник за општина Демир Капија од ВМРО-ДПМНЕ, Наталија Димитриева, вечерва на митингот одржан во општината, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, напомена дека е време е за промени во Демир Капија.
-Доволно беа овие осум години со водоводи кои не функционираат, улици кои се распаѓаат, затоа гласајте за бројот 9. Демир Капија повеќе не е општина со развој. Затоа, секој нереализиран проект е потрошено време, секое лажно ветување претставува разочарување на секој граѓанин. За да постигнеме развој во општината, потребно е да започнеме од најприоритетните проекти. Најпрво од село Прждево, жителите после осум години заслужуваат да добијат квалитетна вода за пиење, со што ќе изградиме објект по сите стандарди кадешто ќе имаат станица со хлор, во село Корешница ќе имаме барање до Регулаторна Комисија за намалување на цената на водата, најмалку до 10%, во село Бистренци ќе се санираат сите недостатоци кадешто имаме недостаток на вода, исто така во Село Дрена, Чифлик ќе се реализираат канализациската мрежа, посочи таа.
Димитриев се осврна и на други приоритетни проекти, асфалтирање на улици во село Чифлик, Дрен, Бистренци, и Корешница.
Таа посочи дека благодарение на финансиските средства од Владата, во Демир Капија ќе се реализирале повеќе проекти и ги повика граѓаните на 2 ноември да го направат вистинскиот избор за, како што рече, конечно да се врати достоинството во Демир Капија.