Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на денешната прес-конференција побара извинување од ВМРО – ДПМНЕ и повика да му го вратат долгот од еден денар. На овој начин тој очекува опозициската партија ВМРО – ДПМНЕ да покаже колку се почитуваат судските одлуки, а според него домаќинско однесување е да извинат оние кои навредуваат.
– Ако после оваа прес – конференција нема извинување од страна на ВМРО – ДПМНЕ и нивниот претседател на општинскиот комитет за последните обвинувања ќе мора да се видиме повторно на суд за да се утврди вистината, рече Димитриевски.
Кумановскиот градоначаланик рече дека никогаш не молчел, ниту ќе молчи и нагласи дека нема да дозволи манипулации со градот. Тој исто така, истакна декаа Куманово по долго време е деблокирана општина која работи на развој и решавање на комуналните проблеми, и е дел од проектот за затворање на депонијата Краста и нејзино формирање како претоварна станица, добиени се возила, а градот ќе го складира отпадот на регионална депонија.