Димитриевски: Куманово е една од 10-те општини кои се позитивен пример за финансиско работење по мерка за граѓаните, според истражувањето на УНДП

од Nikola Popovski
143 прегледи

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека Општина Куманово е една од десетте општини кои се позитивен пример за финансиско работење по мерка на граѓаните според истражувањето на Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП.

„Општина Куманово е идентификувана како една од десетте општини како позитивен пример за финансиско работење по мерка на граѓаните, според темелното истражување и анализа спроведена од страна на УНДП на тема „Финансиско управување на локално ниво насочено кон граѓаните: Пристап заснован врз податоци за позитивни отстапувања“. Во истражувањето беа опфатени сите 80 општини од Македонија и Градот Скопје. Анализата покажа позитивни примери во 10 општини кои имаат добро финансиско работење, редовно сервисирање на превземените обврски, партиципативно буџетирање, родово сензитивно буџетирање, ниско задолжување, одлична комуникација со невладиниот и бизнис секторот и високо ниво на реализација на буџетот“, истакнува Димитриевски.

Општина Куманово долги години беше една од трите најзадолжени општини во државата, со долг во висина од 11ипол милиони евра, велат од таму и додаваат дека во мандатот на Димитриевски, долгот е вратен и денеска општината е финансиски стабилна со финансиски средства што се користат за реализација на проекти со цел развој на Куманово.

Слични содржини