143
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска оствари средба со претставници од Меѓународното полициско здружение ИПА, од земјите во регионот Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора, БиХ и Македонија.
„На денешната средба што се одржа во просториите на општината со претставниците од Меѓународното полициско здружение ИПА разменивме искуства и можности за успешна соработка, кои се во насока за продолжување на идните проекти и обуки на Одделот ИПА Македонија, како и за отворање на канцеларија во нашиот град по повод 10 – годишниот јубилеј на ИПА – Регион Куманово, за поддршка и развојна стратегија на полициските службеници“, рече Димитриевски.