Димитриевски вечерва од Кавадарци порача: Сакаат да не уништат, но забораваат дека ние сме како пиреј

од Симе Стоиков

Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски, од движењето ЗНАМ – За наша Македонија вечерва имаше средби и се обрати пред граѓаните на Кавадарци.

„Малку не има, грст луѓе, еден ипол милион во државата. Ајде почитувани пријатели да испратиме порака вечерва од тука дека е можно да се обединиме“,рече Димитиревски пред Кавадарчани.

Тој посочи дека 30 години во круг се вртат едни или други, а секоја година е се полошо. Се заблагодари на големото присуство и рече дека тоа покажува дека тој и неговите соработници од ЗНАМ се на вистинскиот пат.

„Тука не гледам партиски војници, туку гледам домаќини, луѓе кои се вградиле во оваа држава. Луѓе со кои ќе одиме во Европа, но со крената глава“, додаде тој.

Димитриевски потенцира дека мора да се спречи корупцијата, мора да се врати правдата каде и местото.

„Ние во Македонија имаме се, но могу лошо е организирано и е во функција на тие што се на власт. А власта почитувани, им ја даваме ние. Ова се суштински моменти за Македонија и за идните генерации. Треба да излезат граѓаните и да кажат доста е. Како Претседател на државата ќе предложам стратегија за борба против политичкиот криминал и корупција. Зашто тие не се борат за власт, туку се борат за се. Сакаат да бидат господари на се, а граѓанинот да го стават во функција на модерното ропство.Но ние сме како пиреј, колку и да не чистиш,повторно не има, а никнуваме и после сто години. Такви сме“, рече Димитриевски и продолжи: „Можеме многу. Мојата цел е Македонија да стане самоодржлива држава, која ќе биде своја на своето. Држава која ќе го зголемува извозот и ќе го намалува дефицитот“.

„Од ден на ден ја губиме државата. Што ќе им кажеме на децата? Затоа молкот е забранет. Масовно да се излезе и да се даде гласот за ЗНАМ, а јас како иден претседател ќе го дадам својот максимум Македонија да биде достинствена држава со среќни луѓе“, рече Димитриевски
Димитриевски денеска се обрати и пред граѓаните на Неготино.

„Ние не митиганшиме, одиме од човек на човек, скромно, но тоа што го пишуваме во Програмата е конкретно и се разликуваме од другите по тоа што си го држиме зборот. Такви сме ние од ЗНАМ, скромни и сами си ги плаќаме сметките од нашиот џеб“, рече Димитриевски и додаде дека на граѓаните се им е јасно и бараат начин како да се излезе од црно-сивиот свет.

„Трудот на. луѓето кои работат во Повардарието го користат тие, кои што направија држава без правда, тие кои што направија држава без закон, држава без ред, без поредок. Држава којашто наводно е наша, а суштински е нивна и на крајот сакаат да постават држава која ќе им биде во функција ним. Тие се оние што ние граѓаните ги бираме. Ние денеска во Македонија имаме суд, судии, правда немаме. Имаме обвинители, имаме Обвинителство, обвиненија нема. Се обвинуваат единствено тие коишто ќе го кренат гласот против власта, или гласот против урбаната и друга мафија во државата. И затоа е молкот повеќе од срам. Да седиш и да молчиш во овие круцијални моменти за државата, е срамно“ рече тој.

„Дојдовме во ситуаcија да бидеме туѓи на своето Да гледаме како еден ДУИ, 20 години си игра и со едните и со другите и ги врти како синџирче околу прстот. Им кажува како треба и што треба. Ги менува законите како сака и за што сака. Е па доволно беше. Топката ќе си ја игра Ахмети назад во селото каде што му е партијата, а не во кабинетот за кој јас,вие, сите ние плаќаме. Артан Груби ќе сиодни да си навива на трибините, но по закон, а не да седи во паралелна влада во СКопје, со црни мерцедеси коишто ги купуваат повторно од нашите пари. А овие кои им служат ним, а коишто ги гласавме сите ние, а и јас, е нив ќе ги пратиме во политичка пензија за да не добијат можност никогаш повеќе да го прават тоа што го правеа до сега“, потенцира Димитриевски пред Неготинчани..

Караванот на кандидатот за Претседател на Македонија, Максим Димитриевски денеска беше и во Демир Капија и Росоман.

Слични содржини