Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека за една година направени се пет нови спортски игралишта со тартан подлога.
„Направивме 5 спортски игралишта со тартан подлога за една година во училишниот двор на ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Крсте Мисирков“, во Агино село, с. Романовце, с. Пчиња и во с. Клечовце“, потенцира Димитриевски.
Во претходниот мандат, реализирани се над 400 проекти и вратени се сите долгови на општината.
„Во првата година од овој мандат заедно со мојот тим продолжуваме да работиме посветено, отчетно и транспарентно, исклучиво за граѓаните, да испорачуваме дела, со реализирани над 130 проекти и активности за Куманово како 2 нови кружни текови, 50.000м2 асфалтирани улици, патишта и јавен простор, 20.000м2 поставен бекатон, 8.000м атмосферска и фекална канализација, 80.000м2 тампонирани патишта, реконструкција на 3 средни училишта и во 5 основни училишта. Го реконструиравме Градски парк, имаме 12 нови возила и механизација за јавните претпријатија во вредност од 1.000.000 евра, а во тек е реконструкција на Спортската сала. Активно се чисти речното корито и поставивме 6 станици за мерење на аерозагадување. Засадени над 1300 садници и украсни грмушки, поставени 40 полуподземни контејнери и поставени се 1000 нови контејнери во централно подрачје, приградските населби, селата, а исто така расчистени се 20 диви депонии“, вели Димитриевски.