Димитриевски за законите за „Бехтел и Енка“: Повеќе од сигурен сум дека истиот проект ќе биде предмет на истрага

од desk4
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вечерашното гостување во „24 Анализа“ на телевизија 24 во однос на законите за „Бехтел и Енка“ истакна дека повеќе е од сигурен дека истиот проект ќе биде предмет на истрага, а веќе следната година ќе има нова власт и ќе биде неминовно да се направи истрага. „Овој проект дефинитивно ќе направи купишта пари коишто на крај ќе завршат во приватни џебови. Тоа времето ќе го покаже, повеќе од сигурен сум во тоа.Повеќе од сигурен сум дека овој проект ќе биде предмет на истрага, можеби не во моментот додека владее ова парламентарно мнозинство, работите во иднина многу брзо ќе се сменат,изјави Димитриевски.
“Факт е дека овој договор е штетен за државата, затоа што Македонија ја трансформира од финансиски полузависна за неколку години во финансиски целосно зависна. “, истакна Димитриевски.

Слични содржини