320
Политичката партија Левица синоќа го објави својот кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров.
Се работи за Александар Димитријевиќ, дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, кој поседува и своја адвокатска канцеларија.
-Неговата борба е насочена кон развој на општината во законски контролирана средина за градење и справување со инфраструктурните проблеми со кои се соочува во моментот, нови еколошки решенија за подобар квалитет на почвата, воздухот и животната средина, поголем економски развој и вработување на жителите на Ѓорче Петров, соопштија од Левица.