Димитров: Дискутабилен е законот за недела-неработен ден и во многу други земји

322 прегледи

Во своето гостување во „Топ тема“, Ангел Димитров од Организација на работодавачи, посочи дека има одредени забелешки на драфт верзијата за законската регулатива за недела – неработен ден.

„Недела-неработен ден, е дискутабилно законско решение во многу земји. Црна Гора го воведе, па сега сака да го промени повторно. Се плашиме дека одредени дејности нема да бидат земени предвид. Мора да функционираат одредени дејности, и за истото мора да се најде решение. Со синдикатите не се сложуваме инаку, поради тоа што сметаат дека ако недела не е работен ден, слободниот ден треба да биде понеделник или сабота, што значи дека има дејности кои вакви строги одредби не можат да истрпат“, истакна Димитров.

Слични содржини