Димитров: Европа не може да биде безбедна и сигурна, ако не е во корелација со нашите политики

од Берта Китинска
368 прегледи

Ако имаше една позитивна работа од овие јалови обиди во изминативе две години, вели Димитров, и тоа повеќе проблемите беа од страна на ЕУ, отколку од наша страна.Хајко Мас кога изјави дека доколку се случи најлошото сценарио, односно да не се добие датум за почеток на преговорите ќе биде и на штета на Германија и на Унијата, мислеше дека политиката на проширување не е интерес само на Балканот, туку и на самата ЕУ, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, министерот за надворешни работи Никола Димитров.

-Дека Европа ќе биде побезбедна и посигурна ако во овој регион владеат европските вредности, институциите се силни, политиките се на линија со европските политики. Овие денови за жал е актуелна мигрантската проблематика. Не може Европа да е безбедна и сигурна, ако не е во корелација со нашите политиките како и со другите држави од регионот. Заедно сме во ова, географијата го диктира тоа, економијата го диктира тоа- рече Димитров.

 

Слични содржини