Димитров: Искрената и пријателска поддршка е голем поттик за продолжување на реформите

од Andreja Salpe
203 прегледи

Вицепремиерот за за европски прашања Никола Димитров утрово во Рига ја почна балтичката турнеја со средби во Парламентот на Летонија.

На состанокот со претседателот на Комитетот за надворешни работи на Парламентот, Рихардс Колс и претседателката на Комитетот за европски прашања, Анда Вита Терауда, беше реафирмирана и поддршката од страна на летонските пратеници Северна Македонија да ги отпочне пристапните преговори со Унијата.

-Латвиското искуство во евроинтегративниот процес внесе свежа енергија и надеж за консолидирање на европскиот континент. Искрената и пријателска поддршка е голем поттик за продолжување на реформите, а парламентарната соработка е еден од конкретните показатели во таа насока, што придонесува за унапредување на демократијата, рече Димитров.

Од летонска страна, како што соопшти СЕП, пратениците честитаа на НАТО членството и потенцираа дека секое понатамошно одложување на пристапните преговори со Северна Македонија испраќа деморализирачки сигнал до земјите од Западниот Балкан, до сите оние земји кои решително ги спроведуваат демократските реформи со крајна цел влез во ЕУ.

Слични содржини