Димитров: Наше е да не дигаме раце, без притоа да создадеме некакви преголеми очекувања

од Andreja Salpe
414 прегледи

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров на денешната прес-конференција истакна дека земјава не смее да се откажува од решавање на проблемот со соседна Р. Бугарија, но притоа да не создава преголеми очекувања.

– Ние во изминатиов период за време на германското претседателство со советот на ЕУ, но и последниве месеци работиме од блиску за да направиме нешто што е заеднички успех и за македонските граѓани и за целиот регион на Западен Балкан и за сите наши соседи, и тие што се членки, а и тие кои не се, а и за ЕУ во смисла на кредибилноста и влијанието што Унијата ја има во регионот, истакна Димитров.

Тој додаде дека предлогот од португалското претседателство со ЕУ е оценет како добра основа од страна на Република Северна Македонија.

– Дојде предлог од португалското претседателство со ЕУ, што од наша страна беше оценет како добра основа за конечно решение. Предзвик е да се менаџира со очекувањата, бидејќи неколку пати имаме зборувано. Наше е да не дигаме раце, без притоа да создадеме некакви преголеми очекувања. Мислам дека треба да работиме на резултат, а не на подигнување на очекувањата. Тоа што претседателот Пендаровски и претседателот Радев се денеска заедно во Рим е јасен сигнал дека возобновува дијалогот и мислам дека македонско-бугарското пријателство, додаде Димитров

Слични содржини