Димитровска: Дипломатскиот пасош не е привилегија, тоа е право

од Илинка Илиоска
115 прегледи

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, во интервју за „360 степени“ објасни дека дипломатскиот пасош не треба да се гледа како привилегија, туку како средство за службени потреби.

„Дипломатскиот пасош не е привилегија, тоа е право кое единствено служи за извршување на службената должност,“ истакна Димитровска.

На прашањето зошто нејзе и на другите членови на ДКСК им е потребен дипломатски пасош, таа рече дека тој е одобрен согласно законот за патни исправи, а одземањето или издавањето на пасошите е во надлежност на Министерството за надворешни работи.

„Повторно ќе кажам, имање или немање дипломатски пасош не е клучно прашање, туку како ДКСК работи во заштита на јавните добра од корупција,“ додаде таа.

На директното прашање дали би можела да ја извршува функцијата без дипломатски пасош, Димитровска изјави: „Сметам дека дадов доволно аргументи за користење на оваа патна исправа. Не е привилегија, туку е право. Доколку институцијата Министерство за надворешни работи цени дека нема потреба да го имаме, слободно може истиот да го одземе.“

Слични содржини