Димитровски: Пораките што доаѓаа од Вашингтон се дека треба да продолжи дијалогот меѓу Скопје и Софија, односно мора да се изнајде и решение

од Milan1
90 прегледи

Пораките што доаѓаа од Вашингтон се дека треба да продолжи дијалогот меѓу Скопје и Софија. Со други зборови, ако треба да продолжи дијалогот, значи мора да се изнајде и решение, изјави вечерва заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски.

Тој нагласи дека нашиот интеграциски пат зависи од тоа дали Софија натаму ќе ја крене „рампата“.

„Ние чекаме легитимна влада од Софија. Гледаме дека таму работите повторно водат кон нови избори. Јас се надевам дека проевропските сили ќе бидат повторно на власт во Софија и оние сили што ќе сфатат рационално дека Македонија и Бугарија во иднина, треба да живеат како две добрососедски земји, членки, со взаемно уважување, а не понижување и со прифаќање на идентитетот на Македонците, додаде Димитровски, кој гостуваше на телевизија „Канал 5“.

Прашан околу дијалогот со Атина и дали очекува средба меѓу премиерите Кирјакос Мицотакис и Христијан Мицкоски или на ниво на министерствата за надворешни работи, тој рече дека би било корисно да се одржи таков состанок.

– Немам најави, но, мислам дека би било корисно да се одржи таква средба и да продолжат разговорите и да дојде до едноставно релаксација на меѓусебните односи. Тоа што е многу поважно, е и покрај какви било разлики, да продолжат и економските и другите културни врски и со Бугарија и со Грција, подвлече заменик министерот Димитровски.

Слични содржини