Димов: Вистинско и правилно информирање ќе им помогнат на граѓаните да ја сфатат сериозноста на Ковид 19

258 прегледи

Д-р. Владо Димов, поранешен министер за здравство, во своето гостување во 24 анализа, посочи дека е најважно што во овој момент нашиот здравствен систем има капацитети, како и тоа колку правилното и вистинско информирање на медиумите им помага на граѓаните да ја разберат комплексноста на проблемите предизвикани од Ковид 19.

„Смртноста претставува застапеноста на вирусот и неговата вирулентност. Не е ниту возраста правило веќе. Секојдневна информација, вистинско и правилно информирање, треба да помогне на луѓето да разберат за развојот на овој вирус. Половина од органите кои страдаат се резултат на хемостатски процеси во нив“, вели Димов.

Димов додаде и дека нема детекција на тешки и лесни болни. Капацитетите се тие што ги имаме вели, и до овој момент позитивно е што се уште има место. Ова е впрочем вели Димов, основната цел на овој процес.

Но, најважно е дека секоја битка треба да се поздрави во ова време. Не сум за ставање во функција на спортските сали. Најважно е вели, да се запази третманот на пациентите.