– Да, ја злоупотребив веб-страницата и длабоко се извинувам поради тоа, призна директорката на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Но мора да признае дека не добив ИНСТИТУЦИОНАЛНО ОБВИНУВАЊЕ, туку партиски неосновани напади! – појаснува Димова која на својот Фб профил во објава се потруди да одговори на актуелните обвинувања и скандалозни напади од младиот активист на ВМРО ДПМНЕ Стефан Андоновски.
„Но, чудно е што младиот активисти, во целата загриженост за работата на Националната агенција, не покажува ни трошка совест и свест при објавувањето на податоци кои може да и наштетат на Агенцијата и ниту еднаш не се запраша дали со користењето на информации добиени по нелегални патишта не го поттикнува кодошлукот во државата наместо владеењето на правото.“ – пишува Димова.
Директорката на Еразмус+ тврди нема надворешни експерти кои се блиски со Маричиќ и Димитров, од Евротинк нема надворешен експерт и вели дека вработените во Националната агенција ги уживаат сите права што им ги дава Уставот на Република Северна Македонија, но и се придржуваат до правилата на конфликт на интереси согласно правилата на Еразмус+ програмата.
„Така, млад активисту, како што можеш да видиш, навистина ви треба обука. Националната агенција ви стои на раполагање доколку сте заинтересирани за надградба на вашите знаење, зашто очигледно е дека тој што ве подготвувал за прес-конференциите не е соодветно обучен – впрочем, ако беше, ќе беше се уште вработен во Националната агенција.“ – му порача Димова на Андоновски.
Прашањата од опозициската ВМРО ДПМНЕ Димова за јавноста детално ги образложи во својата објава на ФБ профилот.