563
Не смее да се заборави денес што се случи во Македонија. Пола полициска структура штитеше поткуп, вели членот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен пратеник, Илија Димовски.
Според него, во голем дел од скопските општини разликата е голема.
-На 18% изброени гласови во Скопје, разликата меѓу Арсовска и Шилегов е 20000 наспроти 16000. Имаме ситуација во која Прилеп, Штип и Велес се завршени уште во прв круг. Кавадарци е голема победа. Во Ѓорче Петров, СДСМ се бори само за седми советник, истакна Димовски.